По сите тие силни победи во низа, пет од пет, ретко кој очекуваше дека токму вечерва во меч од 16.коло во Евролигата, Партизан пред своите фанови пред преполната арена ќе доживее пораз и тоа од Асвел и тоа со 79:82.
Значи нема шест од шест за Партизан кој на овој меч настапи драстично ослабен со неиграњето на неколку свои стандардни кошаркари.
Асвел од друга страна покажа квалитет и покажа дека последните резултати и победи не биле случајни.
Секако дека овој пораз и тоа како ќе ги разочара сите во таборот на “црно – белите“ а посебно фановите.
На останатите мечеви Барселона како домаќин просто го декласираше Фенербахче со 90:63. Кевин Пантер со 25 поени блескаше кај каталонскиот состав.
Реал Мадрид на гостувањето кај Париз барем малку ги залечи раните кои и тоа како се длабоки сезонава во Евролигата. На “кралевите“ веројатно им помогна тоа дека во составот на домашните го немаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, па така Реал победи со 85:96.
И во последниот вечерашен меч, Алба на свој терен претрпе пораз од Жалгирис со 66:86.