Панатинаикос убедлив против Милано, Димитријевиќ со 15 поени!

74

Вечерва се играат повеќе мечеви од 16 коло во Евролигата. Во Атина на својот паркет, Панатинаикос одигра како ретко кога оваа сезона, и покажа зошто е шампион во најсилната кошаркарска лига во Европа.

Цехот го плати тимот на Милано, за кој настапи и нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Пао славеше со 103:74, ова беше и то како убедлива победа.

Нено одигра нешто повеќе од 18 минути а забележа 15 поени.

Фантастичен беше Кендрик Нан кај победничкиот состав со 39 поени. Во првата четвртина имаше 21 поени и реализирано 7 тројки од осум обиди.

Монако го победи Баерн со 93:74, а Макаби како домаќин беше поразен од Басконија со 85:95.

ПретходноШекил О`Нил: Стеф Кари ја уништи кошарката!
СледноДали овој играч е најлошото засилување на Гвардиола на сите времиња?!