Бартон и официјално стави крај на судиската кариера

357

Искусниот македонски фудбалски арбитар, Јосип Бартон и официјално стави крај на својата судиска кариера. И тоа со арбитража на меѓународен фустал натпревар од квалификациите за следното Светско првенство. Во прашање е дуелот помеѓу Шпанија и Косово, со што УЕФА му оддаде признание на човекот кој долги години е дел од футсал заедницата како на домашна така и на интернационална сцена.

Покрај футсалот, секако, Јосип Бартон долги години е дел од домашниот фудбалски шампионат, со одработени стотици дуели од најразлични категории. Преку младинските, па до сениорските ПМФЛ но и ВМФЛ мечеви, баражи и куп средби.

За разлика од УЕФА која што на најдобар можен начин му се заблагодари на Јосип Бартон за долгогодишната соработка, фудиската организација при ФФМ, на чело со Маријан Ристевски не најде, односно очигледно не сакаше да најде начин да му се одоолжи на искусниот арбитар. Не му даде шанса за достојно збогум, не се сети на него односно очигледно дека не сакаше да се сети. Нека му служи на чест.

ПретходноНБА драстично го менува Ол-стар натпреварот
СледноЛука Станковски во тимот на колото во Србија