Ужас: Ја зари копачката во лицето на Донарума и не доби ни жолт картон (ВИДЕО)

354

Во 17. Минута на натпреварот меѓу Монако и ПСЖ, дефанзивецот на Монако, Вилфред Синго, обидувајќи се да шутира кон голот од шеснаесетникот, ја закачи копачката во лицето на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. На италијанскиот голман му беше потребна лекарска помош и на крајот не можеше да го продолжи натпреварот.

За овој старт Синго не доби ни жолт картон, веројатно затоа што судијата ако му дадеше уште еден картон ќе мораше да му покаже и црвен.

Еве како изгледа лицето на италијанскиот голман по излегувањето од терен.

ПретходноАнадолу Ефес ја потопи Ц. Звезда, Олимпијакос подобар од Виртус
СледноЖезус со хет-трик го однесе Арсенал во полуфиналето на Карабао Купот