Алкалоид ја заврши есента на врвот, Вардар убедлив против Бутел

78

Ракометарите на Алкалоид и Вардар не дозволија изненадување во последното годинешно коло од Суперлиигата. Алкалоид на домашен терен беше убедлив против Тиквеш со 35:26, додека Вардар пред своите навивачи славеше против Бутел со 43:22.

По денешната победа, Алкалоид ја завршува 2024 година со 15 победи и само еден пораз, додека Вардар засега е на второто место на табелата, но ако Е. Пелистер подоцна денеска слави против Т. Пролет ќе се израмни со „црвено-црните“ со скор од 14 победи и два порази.

Кај Вардар денеска одличен меч имаше Горига со 6 гола. Во победата на Алкалоид, Петковски постигна 9 гола.

Алкалоид со два бода предност оди во вториот дел од сезоната која најавува уште поинтересна битка за шампионската титула.

 

ПретходноРоманец е новиот газда на Џенова
СледноЧолаковски ги скина лигаментите, го чека долга пауза