Бура во најава: Кошарката сепак е „жива“ ама кога станува збор за фотелјата во федерацијата!

277

Денеска (12 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Редовното Годишно Собрание на Кошаркарската Федерација на Македонија. Првиот човек, Перо Антиќ и неговите соработници на клубовите треба да им дадат отчет за сработеното во изминатата година.

Иако според сите правила и пропозиции ова треба да биде мирно Собрание, сепак најавите се поинакви. Во јавноста се појави „Иницијативен одбор“ за смена на Антиќ, но засега истото се крие кога станува збор за имиња. Не се знае точниот бројот на клубовите кои бараат промени, а ниту пак кој сака да седне на фотелјата на Антиќ.

За првпат се појавија која во медиумите кога испратија меил од непозната адреса, а во истиот тврдат дека Антиќ до вториот мандат дошол преку гласови од негови блиски пријатели, роднини и неговиот татко. Во документот видовме дека клубовите кои не можеле да присуствуваат на Изборното Сорбрание им дале полномоштво на оние кои мислат дек треба да ги застапуват пред една година.

По неколку соопштенија, денеска се очекува да биде вистинска бура во кошарката, каква не сме виделе повеќе од пет години. За жал истата е за фотелјата во федерацијата…бидејќи никој во изминатиот период не се подигна за доброто на кошарката која е во пад, никој од клубовите не понуди нови имиња кои ќе прераснат во носители во репрезентацијата, да се пидигне женската кошарка, никој не воведе систем, на никого не му е грижа за кошарката – главна грижа се ваучерите.

ПретходноВинисиус: Никој нема да ми каже како да се однесувам! За малку ќе ме „проголтаа“
СледноЛапорта: Барса загуби бодови кои што требаше да ги освои, првенството како сега да почнува!