Во моментов тренерот на тимот на Раднички Ниш, Никола Дринчиќ според медиумите во Србија има најголеми шанси да се пресели во Партизан, и да биде нов стратег на тимот на ЈНА.
Партизан во моментов има огромни проблеми од секаков карактер, организациски, структурален, резултатски, играчки, а последно е што и тренерското прашање мора да се решава. Саво Милошевиќ замина пред неколку кола, него го заменува сеуште Марко Јовановиќ но само уште еден меч, пред зимската пауза. На пролет Партизан ќе има нов тренер, а првиот пик е токму Никола Дринчиќ.
Тој добро ја одработи задачата во Ниш, но има еден момент кој мора да биде испочитуван. Дринчиќ сеуште не поседувал ПРО тренерска лиценца, па ќе мора некој во стручниот штаб што ќе го донесе со него фиктивно да биде шеф на стручен штаб. Тоа често се случува и кај нас и не е непознаница за овие фудбалски простори.