Сега веќе екс македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски во вистинска смисла ја реинкарнираше својата кариера во дресот на Раднички Крагуевац.
Откако во турскиот Газијантеп не ја доби вистинската шанса, и мораше да заминува на позајмици, Станковски во Крагуевац го најде својот втор фудбалски дом. И тоа како добро ја искористи дадената шанса есенва, тој е убедливо најдобриот играч на тимот кој е хит во шампионатот на Србија и во моментов е на петтата позиција на табелата.
Викендов Станковски со својот тим забележа значајна победа на домашен терен против тимот на Спартак, а тој самиот еднаш ја погоди гредата, а му беше поништен и гол. Одличната партија не остана незабележана секако па тој е сврстен во тимот на колото во Суперлигата на Србија.