Изабела Ковачовска од пинг понгарскиот клуб (ППК) Зегин Берово во категорија двојки заедно со Љупка Шенк од Босна и Херцеговина на меѓународен турнир во Нови Сад, Србија освои трето место во младинска категорија.
Традиционалниот и меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, се одржа од 13-ти до 15-ти Декември со учесници од многу европски земји што го прави овој успех уште поголем.
На турнирот настапија млади пинг понгари од неколку клубови од Македонија и голем дел од нив со добра игра издвојуваа пласман во 64, 32 и 16 најдобри од над 600 учесници.
Турнирот во Србија покажа позитивен тренд на развој на младите играчи од македонските клубови, не само по освоениот медал, туку и по прикажаната игра од десетиците наши претставници.