Последно коло пред паузата: Алкалоид по заверка на врвот, Вардар 1961 по рехабилитација!

177

Денеска на програмата е последното 16. коло пред пуазата во Супер-лигата. По 15 одиграни натпревари, Алкалоид е лидер на табелата со 28 бода, два повеќе од актуелниот првак Пелистер и Вардар 1961.

Избраниците на Кирил Лазаров оваа позиција треба да ја потврдат против ГРК Тиквеш во дербито на колото кое се игра во Автокоманда со почеток во 17 часот. Кавадарчани во минатото коло му земаа бод на ГРК Охрид и заедно со Бутел Скопје го делат петтото место на табелата. Ракометарите на Алкалоид пак немаат пораз кога станува збор за пресметките со ГРК Тиквеш, на претходниот меч на гостински терен славеа со 25-31, а имаат уште пет победи и само едно реми.

Со победа на оваа средба, Алкалоид ќе биде во пол-позиција во плеј-офот да влезе со максимални бодови.

На останатите средби Вардар 1961 против Бутел Скопје ќе бара рехабилитација по поразот од Пелистер, ќе биде интересно во СЦ „Билјанини извори“ каде ГРК Охрид е домаќин на Струга во езерското дерби, додека пак Пелистер му гостува на Пролет.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 16
18.12.2024 – СРЕДА
17:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
17:00 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
17:30 часот ГРК ОХРИД – РК СТРУГА
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
19:30 часот РК РАДОВИШ – РК ПРИЛЕП
ПретходноМудрик побарал помош од адвокатите на Погба
СледноНБА драстично го менува Ол-стар натпреварот