Постекоглу: Ако ја играме нашата игра, никој не може да не спречи

55

Утре во рамките од четвртфиналето на ЕФЛ купот на Англија, Тотенхем ќе го пречека тимот на Манчестер Јунајтед.

Формата на Спарси е во нагорна линија, а тренерот Постекоглу истакна дека очекува интересен и неизвесен меч.

Мики Ван Де Вен и Кристијан Ромеро нема да се дел од тимот на Тотенхем, а и Удоги е под знак прашалник.

„Мислам дека и двајцата ќе се вратат по нова година. Повредите не им се толку лоши како минатиот пат со Мики, имаше некои компликации, но медицинскиот персонал работи на тоа се да биде во ред. Мајки Мур веќе тренира, можеби следната недела ќе може да се врати со заедно со Бен Дејвис. Ришарлисон исто така го очекуваме во тој период. Удоги не е повреден, но има настинка, па ќе видиме само денеска и утре каква е неговата состојба и потоа ќе одлучиме“, објасни Австралиецот.

Постекоглу додаде дека сака да победува, но да го направи истото играјќи добар фудбал. Тој исто така изјави дека Рубен Аморим малку ја променил формацијата на „црвените ѓаволи“, но ако Спарс одиграат како што можат, не можат да бидат запрени.

„Аморим малку ја промени формацијата и им даде повеќе можности на играчите и викендов покажаа дека се многу тежок противник. Имаат добри играчи, но јас сум одговорен за моите играчи. Со нетрпение очекувам да се сретнам со него, но ќе се обидеме да ја играме нашата игра и ако го направиме тоа, нема да не запре“, рече Постекоглу.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Серхио Перез замина од Ред Бул
СледноАнадолу Ефес ја потопи Ц. Звезда, Олимпијакос подобар од Виртус