Рашфорд: Подготвен сум за нов предизвик, нема да слушнете ништо негативно од мене за Јунајтед

114

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд изгледа е се поблиску до заминување од „црвените ѓаволи“, навестувајќи го тоа во своето интервју.

Шпекулациите за неговото заминување дополнително се интензивираа во неделата, кога тој беше изоставен од тимот за победата од 2-1 во градското дерби против Манчестер Сити, а новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим ја објасни својата одлука со тоа што Рашфорд не е на потребното ниво.  27-годишниот напаѓач, кој е производ на академијата на Јунајтед, во клубот е веќе две децении.

“Мислам дека сум подготвен за нов предизвик и да го направам следниот чекор во кариерата. Кога ќе заминам, нема да има лоши чувства. Нема да слушнете ништо негативно од мене за Манчестер Јунајтед“, рече Рашфорд.

Тој ја коментираше и одлуката на менаџерот Рубен Аморим да го остави надвор од составот за дербито на Манчестер Сити:

„Тоа е разочарувачки, но јас сум и личност која како што стареам може да се справи со неуспесите. Што треба да направам? Да плачам?  Недостаток на професионализам? Навистина се чувствувам погрешно разбрано, но не ми пречи. Јас сум многу едноставна личност. Го сакам фудбалот. Ова е мојот живот од самиот почеток“, рече Рашфорд. 

Напаѓачот имаше три настапи во последниот месец откако Аморим го презеде, но беше исвиркан од навивачите на тимот кога беше заменет во 56. минута од минатонеделниот натпревар од Лигата на Европа против Викторија Плзен.

Рашфорд не може да ја пронајде својата форма од сезоната 2022/2023, во која постигна 30 гола, но смета дека се уште не е во најдоброто од себе.

„Чувствувам дека сум сè уште на средината на мојата кариера и не очекувам да биде врвот сега. Играм во Премиер-лигата девет години и научив многу. Тоа ми помогна да пораснам и како фудбалер и како човек не се каам за ништо од овој период, бидејќи во иднина гледам на работите, а други времиња“. 

ПретходноСтоле и Валенсија денеска на тежок испит против Еспањол
СледноАнтиќ засега останува претседател на КФСМ, седницата е прекината, инцијаторите дојдоа правно неподготвени!