Столе и Валенсија денеска на тежок испит против Еспањол

64

Столе Димитриевски конечно доби шанса да брани во тимот на Валенсија. Неговата конкуренција, Мамардашвили е повреден и нашиот прв репрезентативен голман, ги одработува првите минути на голот на Валенсија во Примера.

Минатото коло дебитираше против Ваљадолид, а денеска од 21:30 ќе гостува на тимот на Еспањол. Валенсија се наоѓа во големи проблеми, резултатски и играчки сезонава и во моментов е последна со само десет освоени бодови.

Токму затоа за Димитриевски и неговите соиграчи вечерашниот дуел е да се биде или не што се вели, како и сите останати мечеви до крајот на шампионатот. Релегација едноставно не е опција за тим како Валенсија, па да се надеваме дека Димитриевски со неговите одбрани вечерва ќе придонесе за освојување на бодови и евентуален успех на тимот.

 

ПретходноЛука Станковски во тимот на колото во Србија
СледноРашфорд: Подготвен сум за нов предизвик, нема да слушнете ништо негативно од мене за Јунајтед