Футсал репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора во вториот квалификациски меч за ЕП 2026. По поразот од Холандија на гости со 4:0, избраниците на селекторото Васко Скендеровски денеска во Скопје ремизираа против Андора.
Ова беше меч во кој се надевавме на три бода, но гостите покажаа дека не се селекција за потценување. Во првиот дел немаше голови, а резултатот во 343. минута го отвори нашата репрезентација со голот на Петровиќ. Гостите брзо се вратија и веќе во следната минута преку Сегура успеаја да израмнат на 1:1.
Во нашата група во рамките на ова 2. коло вечерва играат Португалија и Холандија.