Чави преговара за преземање на Милан

64

Очигледно дека Чави Ернандес нема долго да биде без работно место. Во моментов екс тренерот на Барса нема ангажман, но медиумите во Каталонија денеска пренесуваат дека тој е во интерни преговори со тимот на Милан.

Во Милано како што е добро познато, не цветаат рози на резултатски и играчки план, па моменталниот тренер Пауло Фонсека е под притисок за отказ, а јавноста пак во Италија веќе извесен период лицитира со можните негови наследници.

Чави последно беше тренер на Барселона со која се раздели минатото лето, и најави одмор од една година. Сепак, развојот на настаните во Милано може да ги промени неговите планови.

 

 

 

ПретходноБарселона го доведе „Кака“ од Африка
СледноПинг-понг: Меѓународна бронза за Изабела Ковачовска од Зегин Берово