Чолаковски ги скина лигаментите, го чека долга пауза

109

Некогашниот македонски младински репрезентативец Стефан Чолаковски кој во моментов е дел од тимот на Велингтон Феникс во шампионатот на Австралија доживеа тешка повреда.

Страдаа неговите вкрстени лигаменти на коленото и тој ќе мора да паузира подолг период. За него сезоната е завшрена и тој ќе се врати не терен дури следната.

„Позади секоја тешка ситуација стои решение кое води кон подобро. Се гледаме следната сезона“ – напиша Чолаковски на социјалните мрежи.

За него секако следува операција и период на рехабилитација.

 

ПретходноАлкалоид ја заврши есента на врвот, Вардар убедлив против Бутел
СледноМладинскиот репрезентативец Ристоски е нов одбојкар на Штип УГД