Шампионот рутински против Т. Пролет, „езерското дерби“ за Охрид

33

Шампионот Е. Пелистер со рутинска партија дојде до последната победа за 2024 година. Во 16. Коло од Суперлигата, битолчани заминаа како победници од гостувањето против Т. Пролет во Скопје.

Е. Пелистер славеше со 37:23 и ја запиша 14. победа во шампионатот. Домашните се обидоа да парираат во првиот дел, но во второто полувреме видовме целосна доминација на гостите.

Ненад Костески со 10 гола беше лидер во победничкиот тим.

Претходно, „езерското дерби“ му припадна на Охрид кој во последното коло за оваа година славеше над Струга со 42:25. За охриѓани ова беше 12. сезонска победа со која се зацврсти на 4. Позиција на табелата.

Најефикасни кај Охрид беа Костов и Кукуловски со по шест гола.

ПретходноРеал е на светскиот престол: 15. трофеј во ерата на Анчелоти! (ВИДЕО)
СледноДринчиќ ќе биде новиот тренер на Партизан!?