Кошаркарите на Црвена звезда беа убедливо поразени од Анадолу Ефес во Истанбул со 89:67 во првиот од двата денешни дуели во 16. коло во Евролигата.
Овој убедлив пораз ги става под притисок белграѓани во битката за влез во ТОП 8. Како што е познато, Ц. Звезда има скор од 8-8 и сега ќе биде пред голем предизвик на мечот со Макаби ТА.
Брајант и Отуру со по 17 поени беа лидери во турскиот состав. Кај Ц. Звезда најефикасен беше Петрушев со 15 поени.
Олимпијакос славеше на домашен терен против Виртус со 87:77. За грчкиот тим ова беше 10-та победа и сега е во се подобра позиција за место во ТОП 8.
Најефикасен кај Олимпијакос беше Везенков со 25 поени.