Редовно Годишно Собрание на КФСМ започна со одбивање на предлозите на претседателот, Перо Антиќ за Верификациска Комисија, Работно претседателство и оверувачи за запсник на Собранието, како и дневниот ред од страна на „Иницијаторите за промена“ на првиот човек на федерацијата. По ова беше јасно дека Собранието ќе трае долго и ќе има надмудрување.
Правото е на страната на актуелниот раководоство, статутот и деловникот велат дека во овој момент не може да се случат промени во федерацијата. Антиќ ја прекина седницата, што значи дека останува претседател до одредено време кога правото ќе дозволи да биде сменет.
На Редовното Годишно Собрание беа присутни 47 членови, голем дел од нив му дадоа „црвен картон“ на Антиќ за гореспоменатите точки.
Покрај тоа што предложија нови и свои луѓе за Верификациска Комисија и Работно претседателство. Дел од нив побараа измени на дневниот ред, дел од нив побараа разрешување на претседателот Перо Антиќ, разрешување на Управениот Одбор и Надзорен Одбор.
Тие за причина за промена на Антиќ го наведоа Изборното Собрание на кое полномоштво добија роднини, пријатели, па и таткото на Антиќ. Оспорен беше и финансискиот извештај, но за истиот се огласи генералниот секретар, Владимир Георгиевски.
Адвокатскиот тим на КФСМ им објасни дека промена на дневен ред може да има 15 дена пред почетокот на Собранието за да може да се дискутира за истото. Точките на дневен ред не можат да бидат изгласани, ниту дискутирани. Промена на престедателот е спротивно од статутот, кој вели дека Антиќ не може да биде сменет пред истекот на две години од неговиот нов мандат.
Имаше бројни дискусии, но ништо не „мрдна“ од почетната точка. На крајот беше јасно дека Перо Антиќ денеска нема да биде сменет од претседателската функција. Останува Иницијативниот Одбор да дојде подобро подготвен за да може да ја исполни својата цел.