Богоевски со порака до „иницијаторите“: Ако промените претседател сега ќе имате проблем и со ФИБА и со ИОК!

670

Годишното Собрание при КФСМ продолжува. Иако правото е на страна на Перо Антиќ и неговите соработници, сепак ниту една страна не попушта. После три и пол часа дискусија, не се најде решение за моменталната ситуација.

Кошарката стана вистински циркуз, со еден збор – голем срам.

Пред паузата се обрати директорот на МОК, Владо Богоевски кој излезе да го изнесе своето мислење. Им порача на иницијаторите дека во овој начин на кој се обидуваат да го сменат Перо Антиќ е правно неиздржан и дека во овој момент не размислуваат за последиците. А тоа се блокада од страна на ФИБА и од страна на ИОК.

„Јас дојдов на ова собрание како гостин, но по три часа собранието уште не е почнато. Ова ме потсеќа на други собранија кај што сум присуствал и навистина е многу чудно однесување од сите тука. И сами гледате дека за пет месеци може да имате изборно собрание и не знам зошто брзте да смените претседател. Во тек на полусезона да правите турбуленции. Ние имавме такво собрание во февруари и ако се продолжи на начин како што го правите и направите недоверба на претседател, тоа нема да е легално и легитимно. Ќе имате проблеми и со ФИБА и со ИОК. Затоа почекајте шест месеци и имате кандидат ќе си дадете, треба да биде пријавен и со цела негова биографија. И тогаш ќе си дигнете рака 46 претставници и ние ќе го прифатиме како легален претседател“, изјави Богоевски. 

ПретходноПинг-понг: Меѓународна бронза за Изабела Ковачовска од Зегин Берово
СледноМота: Овие момци на вистински начин минуваат низ тешка ситуација