Лука Станковски во тимот на колото во Србија

98

Сега веќе екс македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски во вистинска смисла ја реинкарнираше својата кариера во дресот на Раднички Крагуевац.

Откако во турскиот Газијантеп не ја доби вистинската шанса, и мораше да заминува на позајмици, Станковски во Крагуевац го најде својот втор фудбалски дом. И тоа како добро ја искористи дадената шанса есенва, тој е убедливо најдобриот играч на тимот кој е хит во шампионатот на Србија и во моментов е на петтата позиција на табелата.

Викендов Станковски со својот тим забележа значајна победа на домашен терен против тимот на Спартак, а тој самиот еднаш ја погоди гредата, а му беше поништен и гол. Одличната партија не остана незабележана секако па тој е сврстен во тимот на колото во Суперлигата на Србија.

 

ПретходноБартон и официјално стави крај на судиската кариера
СледноСтоле и Валенсија денеска на тежок испит против Еспањол