Романец е новиот газда на Џенова

56

Најстариот италијански фудбалски клуб, Џенова и официјално објави дека ја менува сопственицчката структура, односно дека добива нов сопственик. Се работи за бизнисменот од Романија, Дан Шуку, кој што купи мнозински број на акции за 45.356.362 евра. Поточно Шуку е сопственик на 77% од акциите на клубот.

За Шуку кој има 61. година, ова не е прва инвестиција во фудбалот, бидејќи е сопственик и на романскиот гигант Рапид Букурешт.

Неговиот основен бизнис е производство на мебел, односно компанијата Мобексперт, која што има 2200 вработени. Покрај тоа, Шуцу е претседател на романската конфедерација на работодавачи „Конкордија“.

 

ПретходноКунде е рекордерот за 2024 година
СледноАлкалоид ја заврши есента на врвот, Вардар убедлив против Бутел