Севиља и Бетис почнаа институционална војна и ги прекинаа сите односи

207

Градските ривали Бетис и Севиља во моментов ги имаат најлошите меѓусебни односи во последните неколку децении.

Поточно, Севиља ги прекина сите односи со Бетис, пренесуваат медиумите во Шпанија, пренесувајќи го соопштението на клубот. Причината за тоа се обвинувањата кои ги наполнија страниците на шпанските медуми. Имено, Бетис ги пријави играчите на Севиља, Хуанлу Санчес, Исак Ромери и Хосе Анхел Кармона бидејќи по завршувањето на последното градско дерби славече со знаме на кое било прешкрано логото на Бетис. Поради тоа, сите тројца добија суспензии од страна на федерацијата и не беа дел од мечот на Севиља против Селта минатата недела.

Од Бетис пак номално го тврдат сосема спротивното, дека тие не се виновни за суспензијата. Но Севиља и покрај тоа одговори со соопштение, во кое стои дека не очекувале вакво однесување на ривалот, и дека спорниот транспарент е знак за ривалство, а не за непочитување.

Во исто време Севиља наведува дека самите тие како клуб во минатото толерирале, слични испади на ривалот, и не реагирала.

Ова е втор клуб со кого Севиља прекинува односи. Првиот е Барселона, по оптужбиде дека од Каталонија подминутувале судии во минатото.

 

 

 

ПретходноМота: Овие момци на вистински начин минуваат низ тешка ситуација
СледноСобранието „пропадна“: Антиќ останува претседател, „иницијаторите“ ќе мора законски да делуваат!