Во заостанат натпревар од 13. коло на Ла Лига, Валенсија на нашиот Столе Димитриевски успеа да освои еден бод на гостувањето кај Еспањол. Мечот заврши нерешено 1:1, а Димитриевски и овој меч го почна како стартер на голот на Валенсија.
Домашните поведоа со голот на Пуадо во 44. минута, а само две минути по стартот на вториот дел Валенсија израмни со голот на Лопез.
Нашиот репрезентативец мечот го заврши со две успешни интервенции.