Второлигашот на Холандија МВВ Мастрихт вчера загуби со 1:2 во натпреварот од 2.коло од Купот на Холандија против Феенорд. По тој резултат ја искористи приликата да го исмева Манчестер Сити, англискиот гигант кој доживува криза. Актуелниот англиски шампион е во лоша серија во која победи само еднаш во последните 11 натпревари. Осум пати загуби, а два пати ремизираше.
Едно од тие реми беше во Лигата на шампионите против Феенорд, против кој водеше со 3:0 до 74. минута, а на крајот одигра 3:3. Клубот, кој 25-та последователна сезона игра во холандската втора лига, го означи Манчестер Сити на социјалните мрежи по испаѓањето и напиша:
„Ако сакате да научите како да примите само два гола од Феенорд, јавете ни се“.
If you want to learn how to concede only twice against Feyenoord just give us a call @ManCity
— MVV Maastricht (@mvvmaastricht) December 17, 2024