Никој не сака да го спасува Саутемптон: И тренерот на ВБА ја одбил понудата

103

Прашањето: Кој ќе го замени Расел Мартин во Саутемптон?, очигледно се уште не е на пат да добие одговор. Иако со денови се споменуваат неколку каднидати, вклучувајќи го и екс-селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, се чини ниту еден од споменатите не е заинтересиран да го спасува Саутемптон.

Едно од имињата за кои се тврди дека е прв избор на шефовите на Сотон, Карлос Корберан, денеска ги демантираше гласините. Шпанецот моментално е тренер на Вест Бромвич и затоа воопшто не сака да зборува за преселба на „Ст. Мери“.

„За мене е недостаток на почит кон овој фантастичен клуб и нашите навивачи да зборуваме за нешто друго, што не е за Вест Бромвич. Можам само да кажам дека мојот целосен фокус е на подготовките за следниот натпревар“, изјавил Шпанецот.

Саутемптон е последен во Премиер лигата и се наоѓа пред пеколно тешка задача да најде нов менаџер кој ќе ги извлече од кризата.

ПретходноЦентарот на Панатинаикос заработи потешка повреда (ВИДЕО)
СледноГолемо засилување: Јанкулов потпиша за Вардар! (ФОТО)