Витор Переира е нов тренер на Вулверхемптон, откако клубот го потврди неговиот 18-месечен договор со „волците“.
56-годишниот стратег доаѓа со богато искуство во улогата на тренер на големи тимови, затоа што зад себе има и титулите во првенствата на Португалија, Грција и Кина.
Переира, во Англија доаѓа од саудискиот клуб Ал Шабаб. За првпат ќе се појави во новиот клуб вечерва.
„Ова е предизвикувачки момент за клубот и сакаме да му се заблагодариме на Витор што ја презеде оваа одговорност. Имаме целосна доверба во неговата способност да не води назад на вистинскиот пат, заедно со играчите и персоналот“, се вели во клупското соопштение.