Драма во Лече: Се опијанил на клупската прослава, па и бегал на полицијата!?

77

Фудбалер на италијански Лече учествувал во несекојдневен инцидент, за кој пишува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. На божиќната вечера организирана од клубот, неколку играчи испиле премногу алкохол, а Енди Пелмард бил „мортус пијан“.

24-годишниот дефанзивец од Франција по прославата дури и возел со својот автомобил, па откако не застанал на полицијска контрола, како на филм, полицијата го бркала неколку километри пред да го спречи да побегне. Како што објавиј амедиумите веднаш му е одземена возачката дозвола, а поведена е и прекршочна постапка. Клубот брзо реагираше и излезе со соопштение:

„Со оглед на настаните што се случија синоќа, најостро го осудуваме однесувањето на нашиот играч Енди Пелмард, бидејќи тоа не е во согласност со насоките на однесување кои ги диктира клубот. Лече, во очекување на соодветна истрага за тоа што се случи, нареди исфрлање на играчот од првиот тим“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноМЗТ Скопје А. со победа ги заврши настапите во АБА 2 лигата
СледноЦентарот на Панатинаикос заработи потешка повреда (ВИДЕО)