Групацијата Фридкин, односно семејството Фридкин и официјално е нов доминантен сопственок на премиерлигашот Евертон. Ова семејство веќе е сопственик на Рома односно на француски Каен, што значи дека Евертон влегува во тоа друштво.
„Фудбалскиот клуб Евертон е купен од Roundhouse Capital Holdings Limited (Roundhouse), ентитет во рамките на Групацијата Friedkin (TFG)“, се вели во дел од официјалното соопштение.
„Трансакцијата беше финализирана по договорот меѓу Blue Heaven Holdings (BHH) на Фархад Мошири и Roundhouse за продажба на мнозинскиот пакет акции во клубот“, – се појаснува во официјалмата изјава на клубот.
Договорот добо „зелено“ светло од сите засегнати институции, од типот на Премиер лигата, Фудбалската асоцијација, Управата за финансиско однесување и женските професионални лиги, што значи дека повеќе нема никакви пречки новиот сопственик да стапи на функција.
Марк Вотс, идниот извршен претседател на Евертон, го изрази своето задоволство од постигнатиот договор и новата ера во Евертон.
„Денес е важен ден и голем повод за Групацијата Фридкин кога стануваме повереници на овој легендарен фудбалски клуб. Посветени сме да го водиме Евертон во нова возбудлива ера и на теренот и надвор од него. Обезбедувањето итна финансиска стабилност за клубот беше клучен приоритет и ние сме среќни што го постигнавме тоа. За враќање на Евертон на нивното заслужено место на табелата во Премиер лигата ќе биде потребно време, но денес е првиот чекор во тоа патување . – изјави Вотс
View this post on Instagram