Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа ги завршија настапите во АБА 2 лигата за оваа сезона. Во последниот натпревар во групната фаза, вечерва во „Јане Сандански“, „штрковите“ во возбудлив натпревар на крајот беа подобри од екипата на Цедевита со 87:82.
Нашиот првак добро го почна мечот и во првите 10 минути веќе направи предност од три поени (22:19). До полувремето, МЗТ Скопје успеа да ја задржи предноста, пред се благодарение на поените на Маслинко и Едвин во завршницата на првиот дел.
Третиот период има припадна на гостите, кои подобро го отворија второто полувреме. цедевита направи разлика и дојде до предност, која во последните 10 минути беше крупен залак за нашиот првак. Сепак, Војдан Стојановски влезе во ритам и заедно со Маслинко, Едвин и Петков успеаја да ја пврата предноста и во последните две минути да влезат со +5 (85:80), кои на крајот се покажаа и како клучни за победата.
Војдан Стојановски мечот го заврши како прв стрелец кај МЗТ Скопје со 17 поени, додека Маслинко постигна 12. Кај гостите Шаре постигна 19.