Одложен е натпреварот меѓу Париз и Фенербахче во Евролигата кој требаше да се игра вечерва!

220

И официјално. Вечерашниот натпревар меѓу Париз и Фенербахче од 17.коло во Евролигата е одложен. Утринава се шпекулираше со таа најава, ама пото дојде и официјална информација од страна на Евролигата која потврди деке вечерва овој меч нема да се игра.

Ова е поради фактот деке вирус го “покосил“ тимот на Париз и не бил во можност да пријави осум здрави кошаркари.

Инаку пред два дена нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс не беше во составот на Париз против Реал Мадрид поради вирус.

За тоа кога ќе се одигра овој натпревар дополнително ќе се донесе одлука.

ПретходноЛосон го замени Перез во Ред Бул
СледноНојер потпиша нов договор со Баерн