Како што денеска пренесува “Сан“, раководството на Атлетико Мадрид ја следи целата ситуација со Алехандро Гарначо, напаѓачот на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите млади офанзивци во светот на фудбалот.
Имено познато е дека Аргентинецот е во немилост на новиот стратег на “ѓаволите“ Рубен Аморим, кој за последните мечеви не сметаше на него.
Па така ако Гарначо и Манчестер Јунајтед решат да ја прекинат соработката тогаш “јорганџиите“ се на готовс.
Инаку познато е дека за Гарначо стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, исто така Аргентинец, има само пофални зборови за младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед.