Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, заработи тешка повреда на натпреварот од 17. коло на Евролигата против Басконија. Францускиот центар на почетокот на третиот период се лизна при еден дефанзивен скок, по што настрада неговата лева нога.
Иако се уште не е познат степенот на сериозноста на повредата, само гледајќи го видеото јасно се гледа дека ситуацијата е загрижувачка.
Лесор на крајот потскокнувајќи на една нога замина кон соблекувалната каде што беше подложен на понатамошен третман.
— OvoOno (@OvoOnoX) December 19, 2024