Интер за едно полувреме си обезбеди четвртфинале во италијанскиот куп

63

Италијанскиот шампион Интер е последниот патник во четвртфиналето на Купот на Италија. Вечерва во осминафиналето на „Џузепе Меаџа“, избраниците на Симоне Инзаги стигнаа до победа од 2:0 против екипата на Удинезе и го обезбедија последното слободно место за следната фаза од куп-натпреварувањето.

Водството за домашните го обезбеди Марко Арнаутовиќ со гол во 30. минута, а во самата завршница на првиот дел со голот на Аслани, Интер веќе обезбеди предност и од 2:0.

Во продолжението само рутински завршена работа за домашните.

ПретходноТотенхем во меч со седум гола го победи Манчестер Ј. за полуфинале во Карабао Купот
СледноКЛ: Јагиелонија на Чурлинов за влакно не влезе во ТОП 8, Челзи импресивен