Касе од Италија победник на супер-џи трката во Вал Гардена

55

Искусниот 34. годишен Матиа Касе од Италија е победник на супер-џи трката во Вал Гардена. Тој прв мина низ целта со време од 1.28.23, додека пак второпласираниот Џеред Голдберг од САД заостана само една стотинка.

Марко Одермат на третата позиција со 43. стотинки заостанување последен се качи на пиедесталот.

Во генералниот пласман води Хенрик Кристоферсен со 390 бодови, пред Одермат со 340 и Мек Грат со 282.

Следна трка во машка конкуренција е утрешниот спус исто така во Вал Гардена.

 

ПретходноКуманово преку Вардар до петта победа во низа!
СледноИван Јуриќ ќе го спасува Саутемптон