На официјалното мерење: Фјури е потежок од Усик за 25 килограми! (ВИДЕО)

343

Пред утрешниот спектакл во Ријад, околу полноќ или нешто по тоа, во бокс мечот меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик, денеска се изврши и официјалното мерење.

Во меч за светски првак во тешка категорија, “Кралот на Циганите“ ќе влезе со 127,4 килограми, а Украинецот со 102,5 килограми. Ова кажува дека Фјури е потежок за цели 25 килограми.

Да потсетиме дека Усик ќе ја брани титулата како апсолутен светски првак, само не таа во ИБФ верзијата зашто таму е првак Даниел Дубоа, освоена токму против Фјури во борбата која се одржа во мај.

Усик во својата кариера има скор од 22-0, додека Фјури има 34-1-1.

ПретходноНи Реал, ни Баерн: Во трката за Алфонсо Дејвис се вклучи уште еден гигант?!
СледноСпектакл во Минхен: Мусиала уште во 1.минута донесе водство, Шешко израмни во втората, а потоа Баерн се разгоропади!