Потпис во Битола: Пешевски најмалку уште една година во Пелистер! (ФОТО)

103

Жарко Пешевски, актуелниот пикер на нашата репрезентација, ја продолжи соработката со својот Е. Пелистер. Ова значи дека Пешевски ќе го носи дресот на нашиот шампион најмалку и во сезоната 2025/26. Секако дека со ова битолчани завршија голема работа.May be an image of 2 people and text

Инаку за ова од Е. Пелистер дојде и официјална потврда:

Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е можно подолго во клубот. Во таа линија горди сме и на денешниот потпис. Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нашиот дрес.

По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот.

33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.

ПретходноГерманскиот Суперкуп од следната сезона ќе се нарекува “Франц Бекенбауер“!
СледноЕфес со чудесна игра во последната четвртина го „скрши“ Партизан!