Реал донесе нов стопер за 120 илјади евра

488
Фото: Instagram (Lamini Fati)

Реал Мадрид го донесе Ламини Фати (18) од Леганес. Станува збор за стопер кој ќе пристигне во клубот на почетокот на јануарскиот преоден рок, а Реал ќе плати 120.000 евра. Фати ќе биде префрлен во третата екипа за да стекне искуство. Марка пишува дека во зависност од настапот и ситуацијата во клубот играчот ќе добие посериозна шанса.

Левоногиот стопер се издвојува по физичката сила. Неговата мајка е од Ангола, а татко му од Гвинеја-Бисао. Фати има шпански пасош, а Валенсија го следеше долго време. Реал го смета Фатија за талент кој допрва треба да се докажува играјќи за Ц или Б тимот, а постои можност клубот да реагира и да доведе поискусен стопер во јануарскиот преоден рок поради бројните повреди.

ПретходноАморим тврди дека Рашфорд се уште има иднина во Јунајтед
СледноЛеброн Џејмс собори рекорд на Карим Абдул Џабар