Откако сега и дефинитивно се знае дека Рубен Аморим не смета на Маркус Рашфорд во нападот на Манчестер Јунајтед, почнаа шпекулациите за тоа каде би можел да се пресели репрезентативецот на Англија.
Барем засега во опција се два клуба, и тоа Арсенал и Интер. Оваа вторава опција е поверојатна, зошто наводно шампионот на Италија испратил понуда во која стоело Рашфорд да дојде во Милано и до јуни да игра како позајмен играч, а потоа во јуни сите страни да се договорат за евентуален потпишување на Рашфорд на перманентен договор со Интер.