И покрај тоа што го остави Маркус Рашфорд надвор од тимот втор натпревар по ред и изрази незадоволство од последното интервју на напаѓачот, Рубен Аморим инсистира дека Рашфорд се уште има иднина во Манчестер Јунајтед.
По вчерашниот пораз од Тотенхем во 1/4-финалето на „Карабао купот“, Португалецот повторно мораше да ја коментира ситуацијата со напаѓачот, кој, според англиските медиуми, ќе го напушти клубот веќе во јануари.
“Зошто беше изоставен Маркус Рашфорд? Селекција. Ги избрав играчите за кои чувствував дека се подготвени да се справат со барањата на солидна игра. Дали тој има иднина во клубот? Секако дека е играч на Манчестер Јунајтед. Утре имаме тренинг и тој ќе биде со нас да се подготвиме за следниот натпревар. Ќе видите дали ќе биде дел од селекцијата за него“, изјави Аморим.