Ефес со чудесна игра во последната четвртина го „скрши“ Партизан!

83

Вечерва во Истанбул, во меч од 17.коло во Евролигата, Ефес на свој терен со 86:77 успеа да го победи Партизан за кого ова беше втор пораз во низа по оној од Асвел дома пред неколку дена.

Четата на Жељко Обрадовиќ и тоа како треба да жали, посебно ако се знае дек во првата, вората, третата па и на почетокот на последната четвртина имаше водство, на моменти и пристојно водство. И така беше се до почетокот на последниот период од играта, кога “црно – белите“ тотално паднаа, евидентно е дека ги “фати“ и заморот, но сепак треба да се каже и фантастичната игра на Ефес. Дојде бру го пресврт, Турскиот тим дојде во водство за да на крајот и заслужено победи.

Ова е 10 пораз на Партизан во изминатите 17 кола, втор во низа и ова значи дека дефинитивно “црно – белите“ одново влегуваат во црна серија.

Османо за Ефес одигра уште еднаш фантастично, реализира 25 поени и тој беше најзаслужен за победата на својот тим против Партизан.

ПретходноПотпис во Битола: Пешевски најмалку уште една година во Пелистер! (ФОТО)
СледноЅвездата на Галата со шокантна изјава: Толку слаб тренер не сум видел!