Центарот на Панатинаикос, Матиас Лесор, заработи скршеница на фибулата на десната нога на вчерашниот натпревар од Евролигата против Басконија.
Францускиот кошаркар незгодно доскокна што пак беше причина за страшниот крик во „ОАКА арената“. Привте прогнози за повредата се дека ќе биде надвор од терените до четири месеци. Нема зафатени лигаменти, што е најпозитивна информација во лошата ситуација во која се најде.
Беше оценето дека операцијата е неопходна и таа ќе се случи во текот на петок, по што ќе се знаат повеќе детали за времето кое ќе биде неопходно за неговото закрепнување.
Врз основа на слични операции, се проценува дека тој ќе биде надвор од терените минимум четири месеци.
“Она што не ве убива, ве прави посилен. Ви благодарам за сите пораки и молитви. Ве сакам сите! Ќе се вратам посилен од кога било”, напиша Лесор на социјалните мрежи.
Се очекува Панатинаикос да излезе на пазарот за да најде замена за Французинот.