Лесор успешно опериран, го чека пауза од четири месеци

168

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор успешно е опериран по хорор повредата на ногата. Американецот се здоби со скршеница на фибулата, итно беше пренесен во болница, а потоа и опериран. Тој според извештаите на медиумите во Грција се чувствува добро и веќе одговарал на стотиците пораци на поддршка кои пристигнувале од сите страни.

Првичните проценки се дека тој ќе паузира околу четири месеци што е оптимален период да заздрави од операцијата, а потоа и прописно физички да се опорави, односно подготвки за кам бек.

 

ПретходноИван Јуриќ ќе го спасува Саутемптон
СледноЈанков ќе го менува Талески во Шкендија