Предмалку беа извлечени двојките за нокаут фазата од овогодинешната Лига на Конференции, а во неа со оглед на фактот дека имаме наши претставници одиме со ред.
Тимот на Борац Бања Лука за кого настапуваат Бобан Николов, Дамјан Шишковски и колумбиецот со Македонски пасош, Себастијан Херера го доби за противник тимот на Олимпија Љубљана од Словенија. Првиот меч Борац ќе го одигра на домашен терен. Ако го мине, тогаш ќе игра со Рапид Виена или Фиорентина во 1/8 финалето.
Од друга страна пак, Дарко Чурлинов со својот тим Јагиелонија ќе се сретне со исто така добро познат противник. Се работи за прволигашот од Србија, ТСЦ Бачка Топола. Ако Чурлинов и неговите соиграчи ја минат оваа пречка, ќе се сретна со тимот на Серкл Бриж од Белгија.