Можеби сензација или „бомба“, но изгледа дека е голема лага за нешто што денеска во одредени медиуми во Србија, блиски до власта, се пренесе дека пребогатите газди на Ал Наср, тимот Кристијано Роналдо имаат намера да го купат или веќе го купиле Партизан. Клуб кој некогаш важеше за гигант, но сега е далеку од такво нешто.
Како “доказ“ се наведува една снимка на социјалните мрежи во која стои дека работата е веќе завршена.
Ова не е првпат да се пренесуваат вакви наводни продажби или купување на Партизан, а посебно ако се знае кој ова го напоменува.
Сепак којзнае, ништо веќе не може да те изненади што се вели, па ни тоа газдите на Ал Наср да го купат и Партизан.
Вистина или лага? Останува да се види.