Вчера на својот стадион во Лондон, Тотенхем со 4:3 го победи Манчестер Јунајтед во меч од 1/4 финалето во Карабао Купот во Англија и успеа да се пласира во следната фаза.
Тоа е познато, но сепак не беше познато зошто во 7.минута од тој меч, домашните фанови, оние на Тотенхем, пуштија стотина жолти балони.
Подоцна се дозна дека тоа го направиле во чест на Емили Дамари (28) инаку британка со израелски корени, која на 7 октомври 2023 година беше киднапирана од припадниците на Хамас кои навлегоа на територијата на Израел и извршија напади.
Од тогаш минаа, до тој момент, точно 440 денови.
На ваквиот гест на фановите на Тотенхем, на социјалните мрежи им заблагодари нејзината мајка Менди која нагласа дека нема докази дека нејзината ќерка сеуште е жива.
440 days 🎗
Thank you @SpursOfficial fans for releasing hundreds of yellow balloons tonight for Emily, and for singing her song.
She’s one of our own, bring her home 💔 pic.twitter.com/kH5ZcnDFQy
— Mandy Damari 🎗 (@DamariMandy) December 19, 2024