Покрај мечот во Истанбул, каде Ефес го победи Партизан, вечерва се одиграа уште пет мела во Евролигата со што се стави крај на 17.коло.
Секако дека нас најмногу не интересира што направи составот на Милано, тим за кој игра нашиот Ненад Димитријевиќ. И веднаш да кажеме дека “манекените“ од Милано беа поразени од Баерн со 78:79 во голема драма. Домашните имаа и напад за победа, но сепак не успеаја да реализираат.
Нено мина на паркетот нешто повеќе од 22 минути и успеа да реализира 11 поени.
На останатите мечеви Асвел дојде до уште една гостинска победа во низа, и тоа кај Жалгирис со 72:78.
Виртус славеше против Барселона на свој терен со 86:81, Олимпијакос беше подобар од Алба со 90:85, додека Ц. Звезда во Белгра успеа да слави убедлива победа против Макаби со 81:73.