Германскиот Суперкуп од следната сезона ќе се нарекува “Франц Бекенбауер“!

63

Она што се најавуваше и се оствари. Како што објави ФС на Германија, од следната сезона Суперкупот во фудбалска Германија ќе се нарекува “Франц Бекенбаур“ и тоа во чест на иконата на гермаскиот фудбал, најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја и еден од најдобрите во светот на фудбалот.

Човекот кој со својата Германија како играч стана светски првак во 1974 а во 1990 тоа го направи и како селектор.

Познато е дека Бекенбауер почина во јануари оваа година.

Секако дека на Франц би му се допаднало мечот од Суперкупот на Германија во кој се среќаваат шампионот и победникот во Купот, да се именува по него“ изјави вдовицата на Франц, Хајди Бекенбауер.

ПретходноХамес Родригез направи скандал во Рајо Ваљекано, па сега ќе прави трансфер во Мексико!
СледноПотпис во Битола: Пешевски најмалку уште една година во Пелистер! (ФОТО)