Мартин Давков си замина од Брера

1343

Досегашниот голман на тимот на Брера, Мартин Давков си замина од прволигашот од Струмица.

Во одливот на играчи од овој тим се приклучува и Давков, а на пролет очигледно дека Брера ќе има сосема нов играчки кадар. Давков и немаше преголема минутажа во Струмица, затоа што прва опција сезонава беше Купанов.

Давков инаку досега беше дел од Брегалница, Тиквеш, Кит Го Пехчево, а во моментов има 26.години.

Своевремено Брегалница уште како младинец му даде шанса во првиот тим, а тој ја искористи на најдобар можен начин.

 

ПретходноМисијата е успешна: Плишаните играчки завршија во вистинските раце (ФОТО)
СледноМаките на Пеп никако да престанат, Рубен Диаз паузира неколку недели