Пред утрешниот спектакл во Ријад, околу полноќ или нешто по тоа, во бокс мечот меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик, денеска се изврши и официјалното мерење.
Во меч за светски првак во тешка категорија, “Кралот на Циганите“ ќе влезе со 127,4 килограми, а Украинецот со 102,5 килограми. Ова кажува дека Фјури е потежок за цели 25 килограми.
Да потсетиме дека Усик ќе ја брани титулата како апсолутен светски првак, само не таа во ИБФ верзијата зашто таму е првак Даниел Дубоа, освоена токму против Фјури во борбата која се одржа во мај.
Усик во својата кариера има скор од 22-0, додека Фјури има 34-1-1.
On The Scales 👀
⚖️ @usykaa – 226lbs
⚖️ @Tyson_Fury – 281lbs#UsykFury2 | @DAZNBoxing | #RiyadhSeason pic.twitter.com/0k2KcaUOM0— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) December 20, 2024